Утрински Весник
Македонија

Барање за минимална помош поради материјална необезбеденост во Дебар доставиле 20 лица

Барање за минимална помош поради материјална необезбеденост во Дебар доставиле 20 лица

Дебар, 8 мај 2020 (МИА) – До службите на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Дебар, доставени се 20 барања за минимална помош поради  материјална необезбеденост во услови на криза предизвикана од коронавирусот.

-Во нашиот Центар, кој со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, до денес 20 граѓани имаат поднесено барања за да добијат помош од државата како материјално необезбедени во услови на криза предизвикана од коронавирусот. Освен барањето треба да достават извод од матичната книга на родени, како и трансакциска сметка, изјави Крешник Пачуку директор на Центарот.

Според него, лицето подносител на барањето, може да добие од четири до десет илјади денари, зависно од бројот на членови во семејството.

-Износот на средства што ќе го остваруваат овие семејства изнесува 4.000 денари за носителот, за вториот член од семејството 2.000, за другите полнолетни членови по 1.600, додека за малолетни лица во семејството паричниот износ е по 400 денари, објасни Пачуку.

Преку Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Дебар, право на гарантирана минимална помош остваруваат 730 корисници.

Ним до 1.000 денари им се признаваат и трошоците на име потрошена електрична енергија. За ова право може да достават барање и лицата кои аплицираат за минимална помош поради  материјална необезбеденост. вт/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ужас во Дојран: Силувана 25-годишна девојка

Адем Чучуљ едногласно предложен за претседател на ДКСК, пленарната седница за гласање на почетокот на декември

Поради дефект на водоводната мрежа од поплавени локации без вода се селата од Кравари до Меџитлија