Утрински Весник
Македонија

Повик за подготовка на препораките за Отворена наука на УНЕСКО

Повик за подготовка на препораките за Отворена наука на УНЕСКО

Скопје, 5 мај 2020 (МИА) – Министерството за образование и наука ги повикува домашните научни истражувачи, високообразовните/научни установи и сите заинтересирани страни да се приклучат на препораките на УНЕСКО за Отворена наука  и Отворен пристап и го наведува линкот на прашалникот  кој треба да го пополнат до 15-ти идниот месец.Повикот е во согласност со Резолуција 24 усвоена на 40-тата сесија на Генералната конференција на УНЕСКО, во контекст на Отворена наука (Open Science) и предизвиците со кои се соочува цел свет во борбата против КОВИД-19.
-УНЕСКО како Агенција на Обединетите нации со мандат за наука, е легитимна глобална организација која овозможува да се изгради кохерентна визија за Отворена наука  со споделени сеопфатни принципи и вредности. Движењето за Отворена наука  како иницијативата е поттикната од научната заедница на УНЕСКО и со голема брзина се шири низ нациите како повик за отворање на портите на знаењето, наведува МОН.
Поради тоа, на 40-тата сесија на Генералната конференција на УНЕСКО, 193 земји членки поставија задачи да се развие меѓународен стандардизиран инструмент за Отворена наука во форма на Препораки на УНЕСКО со кои ќе се дефинираат споделените заеднички вредности и принципи за Отворена наука  и ќе се идентификуваат конкретни мерки за Отворен пристап (Open Access) и Отворени податоци (Open Data).

-Пандемијата КОВИД-19 и кризата предизвикана од неа освен што ја тангира релевантноста и брзината на истражувањата во доменот на биомедицинските науки, таа исто така, има голем импакт и во аспектите на општествените, социоекономските и образовните состојби. Поради тоа, важноста за брз и отворен пристап до научни податоци во ова време е повеќе од очигледна, соопшти МОН.

УНЕСКО почна со онлајн глобална консултација со цел подготовка на Препораките во врска со Отворена наука, а прашалникот како дел од оваа консултација содржи прашања за општите сознанија за поимот Отворена наука, како и научените лекции во врска со КОВИД-19.

-Република Северна Македонија може да даде свој придонес во Препораките на УНЕСКО за Отворена наука и за таа цел ги повикуваме сите установи од оваа област, домашните научни истражувачи и истражувачките тимови, како и сите заинтересирани страни најдоцна до 15 јуни 2020 година да го пополнат прашалникот, наведува Министерството за образование и наука. хс/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор