Утрински Весник
Македонија

Почнаа да работат пазарите во Куманово

Почнаа да работат пазарите во Куманово

Куманово, 5 мај 2020 (МИА) – Двата пазара во Куманово денеска почнаа да работат,  информираа од јавното претпријатие „Пазаришта“. Тие се лоцирани на булеварите „Трета МУБ“ и „Октомвриска револуција“ и ќе работат од понеделник до петок од 8 до 16 часот.

-После секој работен ден пазарите ќе се дезинфицираат. Остануваат сите препораки на Владата, Министерството за здравство и на Кризниот штаб на Куманово. Задолжителни се маски, ракавици, дезинфекциски средства, дистанца од два метра, изјави Илир Саити, директор на претпријатието.

Од ЈП „Пазаришта“ се подготвуваат и за отворање на добиточниот пазар во село Којнаре кој традиционално работи во сабота. Таму ќе се следат сите насоки од Владата и од  Агенцијата за храна и ветеринарство.

Кризниот штаб вчера информираше дека претпријатието побарало отворање на пазарите, по што  и препорача на општината да почне со работа реонскиот и зелениот пазар и да се почитуваат сите мерки за заштита од коронавирусот. ам/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание