Утрински Весник
Македонија

Планинари и радовишки комуналци собираа отпад на планината Плачковица

Планинари и радовишки комуналци собираа отпад на планината Плачковица
Dik 300x250 mk

Струмица, 5 мај 2020 (МИА) – Во организација на планинарското друштво „Бел Камен”, а со поддршка од ЈП „Плаваја“ и група млади ентузијасти и граѓани изминатите денови се собираше отпад расфрлан од несовесни посетители на неколку локации околу патот на планината Плачковица, информираат од радовишкото комунално претпријатие.

Додаваат дека се собрани околу 20 метри кубни отпад, а претпријатието „Плаваја“ поставила садови за собирање отпад за да не се повтори грдата слика со расфрланиот отпад.

Од комуналното претпријатие се надеваат дека оваа акција ќе влијае позитивно врз граѓаните и ќе ги поттикне да ја чуваат животната средина и природата на планината Плачковица. рт/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДИК одби уште три приговори за гласање во избирачки места во Шуто Оризари

Фатен на дело: Директорот на Агенцијата за земјоделство уапсен при примање мито (видео)

Акција на ОЈО ГОКК и МВР: Се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција