Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со умерен до засилен северен ветер

Сончево со умерена облачност, попладне дожд со ретки грмежи

Скопје, 5 мај 2020 (МИА) – Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од два до девет степени, а дневната температура ќе се движи од 18 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец.

Утринската температура ќе се спушти до пет степени, а дневната температура ќе достигне до 23 степени.

Следува период на стабилно време, освен во среда кога ќе има повремен дожд, а локално ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и појава на грмежи. Во среда и во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рама: Албанија и ако стане членка на ЕУ нема да стави вето на Северна Македонија

Приведен турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч

Делумно прифатен амандманот на Левица – обезбедени 2 милиони денари за СОС линија за жртви на семејно насилство