Утрински Весник
Македонија

Смилевски положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев

Смилевски положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев

Скопје, 4 мај 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски оддаде почит и положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во дворот на истоименото училиште во село Љубанци.
– Навршуваат 117 години од смртта на револуционерот Гоце Делчев, идолот на денешните и идни генерации. Гоце Делчев останува запаметен како визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, соопштуваат од прес-службата на Општина Бутел.фф/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Одрон на патот Скопје – Велес, сообраќајот се одвива по една лента

ОЈО ГОКК: Две лица во 48-часовен притвор за случајот со марихуаната во Србија

Жерновски до Митева: Владата никако да каже дали парите за авион ќе ги пренасочи за минималната плата