Утрински Весник
Македонија

Деведесет и осум лица приведени поради непочитување на полицискиот час

Побарани парични казни за 40 прилепчани за непочитување на полицискиот час

Скопје, 2 мај 2020 (МИА) – Сто и триесет лица не ја почитувале забраната за движење во изминатото деноноќие, при што приведени се 98 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР.

Според статистичките податоци на МВР за изминатото деноноќие на 27 лица им се издадени решенија за изолација, а 37 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!