Утрински Весник
Македонија

Во Велес почна дератизација на јавните површини

На подрачјето на СВР Велес за  продолжениот викенд, синоќа најмногу прекршувања на полицискиот час

Велес, 29 април 2020 (МИА) – Општина Велес почна со реализирање на редовната пролетна дератизација во градот како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, која ќе се одвива во наредните десетина дена во зависност од временските услови.

Како што информираат од Општината, ќе биде опфатена површина од 150 илјади метри квадратни, односно ќе бидат опфатени сите јавни површини во градот, како и двата брегови на реката Вардар (на потегот од Башино село до компанијата „Агриа”), а работите ги изведуваат екипи на ЈЗУ Центар за јавно здравје од Велес.

Материјалот, соопштија од Општината, кој се користи за дератизација е селективен, потекнува од сертифициран производител и ја третира популацијата на глодарите.

Материјалот е со одобрение од Министерството за здравство за употреба во јавната хигиена и не претставува опасност за луѓето, домашните миленици и генерално за останатиот животински свет.

Процесот на дератизација се спроведува два пати во текот на годината, односно во пролетните и есенските месеци и е дел од Програмата од областа на здраствената заштита за 2020 на Општина Велес. ад/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта