Утрински Весник
Македонија

Во Велес почна дератизација на јавните површини

На подрачјето на СВР Велес за  продолжениот викенд, синоќа најмногу прекршувања на полицискиот час

Велес, 29 април 2020 (МИА) – Општина Велес почна со реализирање на редовната пролетна дератизација во градот како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, која ќе се одвива во наредните десетина дена во зависност од временските услови.

Како што информираат од Општината, ќе биде опфатена површина од 150 илјади метри квадратни, односно ќе бидат опфатени сите јавни површини во градот, како и двата брегови на реката Вардар (на потегот од Башино село до компанијата „Агриа”), а работите ги изведуваат екипи на ЈЗУ Центар за јавно здравје од Велес.

Материјалот, соопштија од Општината, кој се користи за дератизација е селективен, потекнува од сертифициран производител и ја третира популацијата на глодарите.

Материјалот е со одобрение од Министерството за здравство за употреба во јавната хигиена и не претставува опасност за луѓето, домашните миленици и генерално за останатиот животински свет.

Процесот на дератизација се спроведува два пати во текот на годината, односно во пролетните и есенските месеци и е дел од Програмата од областа на здраствената заштита за 2020 на Општина Велес. ад/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јаневска најави можно затворање на универзитети во земјава

Прпоски: Истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ е во тек, во комуникација сме со NTSB

Мицкоски: Опозицијата нека свика експерти и нека се усогласи за Изборниот законик, владината коалиција е веќе усогласена