Утрински Весник
Македонија

Во Гевгелија почна акција за донирање компјутери на ученици од социјално ранливите категории

Во Гевгелија почна акција за донирање компјутери на ученици од социјално ранливите категории
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Гевгелија, 28 април 2020 (МИА) – Во договор и координација меѓу директорите на основните училишта и општина Гевгелија, почна акција за донирање персонални компјутери на ученици од социјално ранливите категории кои од дома ќе можат да следат онлајн настава во услови на вонредна состојба.

Марија Костадинова директорка на основното училиште „Климент Охридски“ од Миравци веќе на шест ученици им донираше компјутери и упати апел до сите фирми да се вклучат во хуманата акција за да можат што повеќе деца од социјално загрозени семејства да добијат компјутер.

– Моментно ги задоволивме потребите само на шест семејства со ученици опфатени во основното образование но ако во акцијата се вклучат повеќе општествено одговорни компании ќе можеме да донираме компјутер за секој ученик од социјално загрозено семејство кое има деца од различни возрани групи,а треба да следат настава за различен степен на образование, рече Костадинова. им/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Над 160 наставници во 80-ина училишта обучени за настава на деца кои се на лекување

Тошковски: „Безбеден град“ директно придонесе да се намали бројот на повредени лица, наскоро информација и за казните

Новите станови остануваат со 5% данок до 2028 година