Утрински Весник
Економија

Колона од транспортери низ центарот на Скопје

Колона од транспортери низ центарот на Скопје

Скопје, 28 април 2020 (МИА) – Организирана колона од камиони, автобуси, комбиња со вклучени сирени попладнево  се движи низ центарот Скопје. На тој начин транспортерите организирани од асоцијацијата Макам-транс израззија протест за покачената акциза на горивата и побараат поддршка за транспортниот сектор кој е меѓу најпогодените со здравствено економската криза предизвиката од коронавирусот.

Тие бараат да се укине Уредбата за зголемување на акцизата на горивата за три денари и да се воведе прогресивен данок на доход за сите стопански и нестопански дејности.

Протестот  се одвива согласно сите мерки за безбедност кои се во сила заради пандемијата коронавирусот поради којашто се намали обемот на работа и во патничкиот и во товарниот превоз.

Протестот на на Макам-транс не го поддржа СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ, чии членки, како соопштија оттаму во најголем дел оцениле дека тоа нема да помогне за излез од економската криза поради коронавирусот.  Тие пак бараат подетално образложение на ефектите од владината мерка во јавноста, на транспарентен начин, но и гаранции за намената на собраните средства и нивна распределба онаму каде што е потребно, не изоставувајќи го товарниот транспортот, но и патничкиот превоз, кој бележи 100 проценти пад од почетокот на пандемијата.лв/са/

Протест на камионџиите

Posted by MИА.mk on Вторник, 28 април 2020

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Бројките не полнат фрижидери

Филипче: Оризот скапува по амбарите, Владата ги уништи оризопроизводителите

ММФ предвидува: Македонија и регионот меѓу најбрзорастечките економии во Европа до 2031 година