Утрински Весник
Македонија

Автобусите од утре ќе сообраќаат во две смени

Автобусите од јавниот превоз утре ќе сообраќаат по неделен возен ред

Скопје, 26 април 2020 (МИА) – Автобусите на ЈСП „Скопје“ и приватните превозници од утре продолжуваат да сообраќаат во две смени, односно од 5 до 9 часот, па од 13 до 19 часот.

Како што соопшти ЈСП „Скопје“, автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред. Граѓаните ќе можат да го погледнат распоредот на веб-страницата на ЈСП „Скопје“.

Од 7.30 до 17 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел (пазар), билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП „Скопје“.

Во истиот период ќе бидат отворени и центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар. Услугите на ЈСП „Скопје“ можат да се купат и во над сто маркети и трафики кои се дел од секундарната продажна мрежа (прегледот на локации е достапен на фејсбук страната на ЈСП „Скопје“), чие работно време зависи од одлуката на сопствениците на субјектите.

– Новиот, изменет режим на функционирање на јавниот превоз и работното време на билетарниците и центрите за персонализација, ќе важи во наредниот период, сѐ до новите препораки на надлежните институции, се вели во соопштението од ЈСП „Скопје“. мд/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Локализиран е пожарот кај Пехчево

Димитриевски: ЗНАМ е еднаков партнер во власта, од ВРЕДИ грешат ако сметаат дека со овие гестови ќе иницираат дестабилизација на Владата

Влада: Формирано координативно тело за унапредување на високото образование, нова зграда на Драмски театар, план за капитални инвестиции во општините