Утрински Весник
Македонија

МД „Илинден“ упати четитка по повод почетокот на месец Рамазан

МД „Илинден“ упати четитка по повод почетокот на месец Рамазан

Дебар, 24 април 2020 (МИА) – Македонското друштво „Илинден“ и огранокот за Голо Брдо упатија честитка по повод почетокот на Светиот месец Рамазан.

Во честитката се посакува лесен и благословен пост, со желби за потврдување на една од главните карактеристики на рамазанските пости, солидарноста и хуманоста.

– До Македонците од исламска религија во Албанија и надвор од неа и до сите верници ширум светот честитки по повод почетокот на месецот Рамазан, најдрагиот гостин на кој
верниците муслимани му се радуваат. Месец во кој молитвите не се одбиваат, и Алаховата милост е најголема. Нека надвладее чувство на хуманост и солидарност, главните карактеристики на месец Рамазан. За многу години, стои во честитката, потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и претседателот на огранокот за Голо Брдо, Или Халилај.

Се посакува месецот верниците да го минат во добро здравје и духовна исполнетост и „Алах да даде сила  да се пребродат актуелните тешки времиња и во среќа и радост да
минат рамазанските пости“. вт/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите

Околу половина час се чека за влез во земјава на Табановце