Утрински Весник
Македонија

Товарен воз на линија Велес-Прилел удри во автомобил, возачот тешко повреден

Товарен воз на линија Велес-Прилел удри во автомобил, возачот тешко повреден

Скопје, 24 април 2020 (МИА) – Tоварeн воз кој сообраќа на линијата Велес – Прилеп изутрината во 06:40 часот, на патниот премин кај влезот на Фабриката за порцелан во Велес, удрил во патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(16) од с.Согле, општина Чашка.

Од МВР информираат дека возачот на возилото со тешки телесни повреди е пренесен во болницата во Велес. На местото на настанот е извршен увид. оџ/са/

Фото: МИА архива

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведен турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч

Делумно прифатен амандманот на Левица – обезбедени 2 милиони денари за СОС линија за жртви на семејно насилство

Ламалари по заедничката акција на апсење на двајцата членови на “Беланоца“: Криминалот е послаб пред заеднички фронт на агенциите дома и во странство