Утрински Весник
Спорт

Нов термин за „Ролан Гарос“

Нов термин за „Ролан Гарос“

Париз, 24 април 2020 (МИА) – „Ролан Гарос“ повторно го смени терминот на одржување заради пандемијата од коронавирусот.

Гренд-слем турнирот во Париз ќе започне на 27 септември, според францускиот весник Париз.

Отвореното првенство на Франција со стандарден термин 18 мај – 7 јуни првично беше преместен од 20 септември до 4 октомври, а според новите информации, турнирот ќе започне една недела подоцна и ќе трае до 11 октомври.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

На Меси му е дијагностициран со мускулен замор

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп