По двонеделната домашна изолација, градоначалникот на општина Чешиново – Облешево е негативен на двете тестирања за корона вирус.
„Денеска ги добив резултатите од двата теста направени во Институтот за јавно здравје кои не покажуваат присуство на вирусот. Во текот на изминатите две недели, додека бев во карантин, воопшто немав симптоми на КОВИД-19, но се придржував кон мерките за заштита. Исти се резултатите и кај мојата сопруга, поради што сметам дека непотребна беше целата паника и негативните ставови во јавноста за мене и за членовите на моето семејство“, информираше Крстев.
Тој од утре ќе се врати на работа во општината.
Други заразени функционери се градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и пратеничката Кети Смилевска.
Вкупиот број на заразени во државата е 1.300. Од вирусот закрепнаа 201, а починаа 56 луѓе. Во моментов, како активни случаи се водат 943 лица.