Утрински Весник
Македонија

Општина Тетово набави лаптопи за ученици за следење настава на интернет

Општина Тетово набави лаптопи за ученици за следење настава на интернет

Тетово, 22 април 2020 (МИА)Општина Тетово информираше дека се набавени 300 лаптопи за ученици кои немаат соодветна опрема за следење настава на интернет.

-Општина Тетово започна со дистрибуција на лаптопи за учениците кои немаат опрема и не можат да го следат процесот на учење на интернет.  Станува збор за 300 лаптопи кои учениците ќе ги користат дома се додека трае одлуката на Владата за затворање на училиштата и онлајн-наставата, соопшти Општина Тетово.

Инаку, службениците од Секторот за јавните дејности при Општина Тетово со директорите на училиштата одржуваат онлајн-состаноци во кои се координираат активностите за одржување настава од далечина.

Проценките се дека 30 отсто од учениците поради немање интернет, компјутери и од други причини не можат да следат настава на интернет. ас/хс/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Најпрвин нов топол бран во Македонија, викендот ни носи врнежи и пад на температурите!

Македонска гордост: Поп Ацев стана петтиот Македонец кој го преплива Ла Манш за 9 часа и 43 минути

Муцунски во Брисел: Северна Македонија останува целосно посветена на европските интеграции