Утрински Весник
Македонија

Општина Тетово набави лаптопи за ученици за следење настава на интернет

Општина Тетово набави лаптопи за ученици за следење настава на интернет

Тетово, 22 април 2020 (МИА) – Општина Тетово информираше дека се набавени 300 лаптопи за ученици кои немаат соодветна опрема за следење настава на интернет.

-Општина Тетово започна со дистрибуција на лаптопи за учениците кои немаат опрема и не можат да го следат процесот на учење на интернет.  Станува збор за 300 лаптопи кои учениците ќе ги користат дома се додека трае одлуката на Владата за затворање на училиштата и онлајн-наставата, соопшти Општина Тетово.

Инаку, службениците од Секторот за јавните дејности при Општина Тетово со директорите на училиштата одржуваат онлајн-состаноци во кои се координираат активностите за одржување настава од далечина.

Проценките се дека 30 отсто од учениците поради немање интернет, компјутери и од други причини не можат да следат настава на интернет. ас/хс/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Денеска облаци и локален дожд, од утре стабилизирање на времето

Утре на стрелиштето „Бејбунар” во Охрид ќе се спроведе вежбовно гаѓање со боева муниција

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва