Утрински Весник
Македонија

Уставниот суд има оформено предмет за вработените во СЈО, нема за владината одлука за пари за високообразовни установи

Уставниот суд има оформено предмет за вработените во СЈО, нема за владината одлука за пари за високообразовни установи

Скопје, 22 април 2020 (МИА) – По информации објавени од некои медиуми, Уставниот суд информира дека нема оформено предмети за оценување на уставноста и законитоста на одлуката на Владата за доделување парични средства на одредени високообразовни институции од земјава ниту досега е доставена иницијатива за оценување на нејзината  уставност и законитост.

– По однос на Уредбата со законска сила која се однесува на вработените во СЈО, информираме дека е оформен предмет по претходно поднесена иницијатива од политичка партија. До денес, по овој предмет не е закажана седница на која би се разгледувал истиот. Истовремено нагласуваме дека за Уставниот суд е неприфатливо однапред да се шпекулира со исходот на било кој предмет, соопшти Уставниот суд.

Судот апелира до медиумите дека може да ги постават своите прашања до портпаролот на Судот или преку електронски пат на мејлот кој што е објавен на сајтот, со цел да се добијат веродостојни и точни информации. хс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”