Утрински Весник
Македонија

Во Радовиш излечени четворицата пациенти заболени од коронавирус

Во Радовиш излечени четворицата пациенти заболени од коронавирус
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Струмица, 22 април 2020 (МИА) – Утринава добивме информација од Центарот за јавно здравје-Штип дека по спроведените дополнителни тестови четворицата наши сограѓани се негативни на Ковид-19, информираше градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов.

-Тоа значи дека моментно во градот и населените места нема заболени лица од коронавирусот. Лицата, кај кои претходно беше позитивен наодот за Ковид-19, на 24 април ќе добијат решение за престанок на периодот за изолација и ќе можат слободно да се вратат на своите нормални активности, додаде градоначалникот Конзулов.

Апелира граѓаните да продолжат и понатаму да се придржуваат до мерките и препораките од надлежните институции за заштита од коронавирус, да носат заштитна опрема, како и да држат безбедно растојание. рт/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Фото) Млади, стари, семејства беа на улиците против загадувањето

Блокада поради смогот: Градот се гуши, институциите молчат

Спасовски: Македонските граѓани плаќаат најскап зелен картон во регионот