Утрински Весник
Македонија

Гостиварското обвинителство побара парични казни за 15 лица

Гостиварското обвинителство побара парични казни за 15 лица

Скопје, 22 април 2020 (МИА) – Полицискиот час во Гостивар изминатото деноноќие не го почитувале 15 лица за кои гостиварското Основно јавно обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози од по 100 дневни глоби за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Како што соопшти Јавното обвинителство, обвинетите го прекршиле полицискиот час, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, на начин што иако согласно оваа одлука се забранува движење на населението на територијата на Република Северна Македонија за време на викендот,  тие се движеле пеш или со возила низ градот. бк/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Презентација на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата

Битиќи: Граѓаните ќе платат над 60 милиони евра само за камати од новото задолжување на Владата

Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот