Утрински Весник
Македонија

Повторно се чисти натрупаното ѓубре во Охридското езеро кај Љубаништа

Повторно се чисти натрупаното ѓубре во Охридското езеро кај Љубаништа

Охридските општински власти повторно го чистат натрупаното ѓубре на крајбрежјето на Охридското езеро кај Љубаништа. По реакциите на граѓаните и на медиумите, екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ започнаа нова акција за чистење и собирање на отпадот кој во текот на изминатите неколку денови беше натрупан на крајбрежјето на Охридското Езеро, на потегот од кампот Љубаништа до границата со Албанија.

Акцијата за чистење ќе се одвива и во текот на наредните денови, со оглед на големите количини на отпад натрупан на крајбрежјето и тешко пристапниот терен на одредени локации. Се претпоставува дека отпадот што се појавил на оваа локација е резултат на фрлањето ѓубре во коритото на реката Черава во Албанија, при што интензивните врнежи и зголемениот водостој на реката го имаат донесено отпадот на потегот кај Љубаништа.

Ова не е прва акција на охридското комунално претпријатие годинава за чистење на отпад на оваа локација. Во рамки на активностите што се одвиваа на почетокот од март годинава беа подигнати стотици вреќи со остатоци од пластична и картонска амбалажа, најлонски кеси и други видови на цврст отпад.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина