Тетово, 22 април 2020 (МИА) – Сенатот при Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) одржа состанок со цел да се одобри повикот за запишување студенти во новата академска 2020/2021 година што содржи и нови студиски програми. Оттаму информираат дека поради состојбата со коронавирусот дел од членовите учествувале на состанокот преку интернет.
–Повикот за запишување студенти има прагматична содржина, со студиски програми соодветни на потребите на студентите и барањата на пазарот на трудот. Овие програми се комбинација на американски прагматизам и европски вредности, како што е и името на самиот универзитет. Оваа година новина е понудата на две нови студиски програми додека бројот на факултети останува ист, изјави ректорот Абдилменаф Беџети.
Од Универзитетот на Југоисточна Европа информираат дека во моментов се приспособуваат на околностите создадени од пандемискиот вирус COVID 2019. Процесот на предавање и учење се реализира преку онлајн платформи за сите студенти во трите циклуси на студии, потенцираат од УЈИЕ.ас/скс/