Утрински Весник
Македонија

Повремен дожд и температура до 14 степени

Повремен дожд и температура до 14 степени

Скопје, 22 април 2020 (МИА) – Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 9, а дневната од  9 до 14 степени.

Во Скопје, слично време, променливо облачно со повремен дожд, особено претпладне. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 11 степени.

Од четврток ќе настапи стабилизирање на времето со пораст на дневните температури.са/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

По трагедијата во Карпош: Дали училиштето можело да ја заштити Катја?

Зајкова: Големите партии манипулираат со изборниот закон

Професор од Скопје осомничен дека барал полови односи од 18 годишна ученичка