Утрински Весник
Македонија

ЗНМ: Владата да објасни чија е одговорноста за пропустот во организацијата на прес-конференцијата во Куманово

ЗНМ: Новинарите не смеат да имаат конфликт на интереси

Скопје, 21 април 2020 

На 18 април, 2020 година, Здружението на новинарите на Македонија објави соопштение во кое се произнесе за правата на новинарите и медиумските работници и за состојбата на медиумите за време на пандемијата со коронавирусот. Во дел од соопштението се дава осврт за прес-конференцијата одржана во Куманово каде присуствувал градоначалникот на Куманово, за кој подоцна се утврди дека е позитивен на коронавирусот.

Во своето соопштение ЗНМ напиша: „Сакаме да упатиме критика за последната прес-конференција организирана во Куманово од страна на градоначалникот. Според нашите колеги, таа била организирана во затворен простор со присуство на повеќе соговорници, новинари и медиумски работници, кои имале меѓу себе физички контакт. Потоа се укажа дека градоначалникот бил заразен од COVID-19, со што нашите колеги директно биле изложени на здравствен ризик“.

На овој дел од соопштението Општина Куманово достави демант до ЗНМ во кој се вели дека: „Локалната самоуправа не е организатор на пресот во Куманово, туку Владата на Република Северна Македонија (за тоа постојат докази во комуникација и покани до медиумите)“.

Со цел да се избегнуваат шпекулации во јавноста, но и да не се префрла вината од централна и локална власт за овој инцидент, Здружението на новинарите на Македонија ја повикува Владата да објасни чија е одговорноста за пропустот во организацијата на прес-конференцијата во Куманово. Според објавените фотографии се гледа дека не биле запазени препораките за физичка дистанца, со што присутните новинари и медиумски работници се доведеле во опасност при вршење на својата работа.
Здружение на новинарите на Македонија

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности