Утрински Весник
Македонија

Прв пат во Тетово и Армијата во помош на полицијата за одржување ред пред објектите

Само едно лице од Тетовско побарало од Црвен крст да му донесе храна и лекови

Тетово, 17 април 2020 (МИА)– Припадници на Армијата од денеска и во Тетово започнаа да соработуваат со полициските службеници во одржувањето ред за влез во објектите кои функционираат – банките, телекомуникациските компании и маркетите при што вообичаено се собираат повеќе луѓе. До оваа соработка дојде откако Општината побара од државните институции да помогнат во одржување ред пред објектите, а за тоа градоначалничката Теута Арифи разговараше и со претседателот Стево Пендаровски кој беше во посета на Тетово во вторникот.

-Во однос на соработка со Армија на состаноците на Кризниот штаб имаме и членови од касарната, на состанокот со претседателот Пендаровски се договоривме Армијата да биде испомош за одржување на редот во текот на забрана на движење и во ситуација кога има собирање на повеќе луѓе кога е пред банките, изјави Теута Арифи.

Од полицијата во изминатиот период нема евидентирано нарушувања на јавен ред и мир пред објектите на банките, телекомуникациските компании и маркетите. И понатаму се бележат само поединци кои го прекршуваат полицискиот час и се движат за време на термините за ограничено движење. Во изминатите 24 часа во Тетовско се евидентирани три лица кои ја прекршиле мерката по што се лишени од слобода. ас/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пет лица повредени во сообраќајка кај Зајас

Малолетници без возачка возеле мотоцикли без ознаки, не застанале на знак за сопирање

Човечки труп пронајден во Вардар кај Демир Капија