Утрински Весник
Македонија

Поведена постапка за осум лица за непочитување на полицискиот час во Гостивар

ОЈО Берово поднесе три казнени налози за прекршување на полицискиот час
Dik 300x250 mk

Скопје, 14 април 2020 (МИА) – Јавното обвинителство поведе постапка за осум лица од Гостивар заради непочитување на мерките за забрана на движење.

– Обвинетите,  во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Тие не ги почитувале мерките и одлуките за забрана на движење на населението, па за време на полицискиот час без дозвола, пеш или со возила се движеле низ градот, соопштуваат од Јавното обвинителство

За обвинетите, Обвинителството со предлозите за издавање казнени налози побарала од Судот да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби. фф/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ужас во Петровец: Жена нападната од сопругот, кој ја тепал и се обидел да ја врзе со каиш

Мицкоски: В недела сите масовно да излеземе на гласање, затоа што додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина

Цветаноски: Демократијата повторно оживеа преку лидерството на Венко Филипче!