Утрински Весник
Македонија

„Еко-свест“ со едукативна онлајн програма „Да зборуваме за одржлива животна средина“

„Еко-свест“ со едукативна онлајн програма „Да зборуваме за одржлива животна средина“
Dik 300x250 mk

За да сподели меѓународно и домашно искуство од луѓе кои работат на проекти фокусирани во создавање на одржлива животна средина, „Еко-свест“ започнува со едукативна онлајн програма насловена „Да зборуваме за одржлива животна средина“.

„Говорниците кои ќе бидат наши гости ќе ги споделат нивните успешни активности и најдобри практики околу проекти кои придонеле кон создавање на одржливи животни средини во заедниците каде што живеат. Бидејќи еколошките услови и економските и социјалните системи се разликуваат во секоја држава, не постои еден единствен план за тоа како да се спроведат практики за одржливост. Затоа, сакаме да разбереме од нашите говорници како нивните проекти влијаат самостојно за да се обезбеди дека одржливиот развој се спроведува како глобална цел“, велат од Еко-свест.

Првата сесија ќе се одржи на 16 април (четврток) со почеток во 10 часот наутро, а прва гостинка ќе биде Саманта Куман, службеник за застапување во Центарот за законодавство за животна средина и права на заедницата, во Папау Нова Гвинеа. Таа ќе го презентира нејзиниот проект на тема „Едукација и програми за оправување со отпад“.

Настанот е од отворен карактер за сите заинтересирани учесници и ќе се води на англиски јазик. За пријавувањето може да прочитате на нивната страна.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!