Утрински Весник
Македонија

Кичевецот позитивен на коронавирус работел надвор од земјата и бил во државен карантин

Во Кичево целосно се почитува полицискиот час

Кичево, 14 април 2020 (МИА) – Во последниот билтен објавен денеска од Центарот за јавно здравје за првпат беше регистрирано лице заразено со Ковит – 19 со постојано место на живеење во Кичево. Ова лице, како што информираат од Општина Кичево, во последите седум месеци не престојувало во градот туку работело надвор од државата.

Кичевецот позитивен на коронавирусот, допатувал во земјата и бил во државен карантин во Скопје и немал контакти со жители од Кичево.

Сепак, од општината нагласуваат дека граѓаните мора да бидат претпазливи и да ги почитуваат препораките на Владата. рф/ев/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пожар го затвори експресниот пат Штип – Кочани, сообраќајот во прекин

Скопјанец во Охрид со бензин испрскал момче од Кичево

Левица: ДПМНЕ ја распродава енергетската иднина на Македонија со дата-центар во Пехчево