Утрински Весник
Македонија

Целосна дезинфекција во сите месни и урбани заедници во Кисела Вода

Целосна дезинфекција во сите месни и урбани заедници во Кисела Вода

Скопје, 14 април 2020 (МИА) – Општина Кисела Вода денеска почна со уште една голема акција за дезинфекција на јавните површини со цел спречување и заштита од коронавирусот.

Од општината информираат дека во урбаните заедници „Цветан Димов“ и „11 Октомври – згради“ е извршена дезинфекција во околу 50 влезови на станбени згради, пред влезовите на маркетите, аптеките и банките.

-Дезинфицирани се и автобуските постојки, клупите и корпите за отпадоци во парковите, како и затворените за употреба детски и спортски игралишта, а во наредниот период работните активности за спречување на вирусот ќе продолжат да се одвиваат во сите урбани и месни заедници, соопшти општината.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски повика на почитување на мерките и препораките дадени од Владата и Министерството за здравство, и упати благодарност до сите вклучени во борбата против вирусот. бт/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

Љутков: Објавена е јавната набавка за изградба на Универзална сала

ЦУК: Од вкупно 13 пожари на отворен простор, активни се четири