Утрински Весник
Македонија

Двајца приведени во полициски час за напад и нарушување јавен ред и мир

Двајца приведени во полициски час за напад и нарушување јавен ред и мир

Тетово, 14 април 2020 (МИА) – Тетовската полиција бележи физички напад и нарушување на јавен ред и мир во време на полицискиот час. Притоа две лица се приведени во полициска станица. Нападнат е вработен на комуналното претријатие.

-Вчера во 17 часот и 40 минути, Ј.Ј.(42) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека во близина на крстосницата на улиците „Киро Ристевски-Дрнц“ и „Ѓорче Петров“ во Тетово бил физички нападнат од 53-годишниот Д.В. од тетовска Брвеница. Пријавениот Д.В. лишен е од слобода и задржан во Полициската станица Тетово, соопшти Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Синоќа околу 21 часот е приведен е 39 годишник кој бил пијан и не сакал да се легитимира пред полицајците.

-Пријавено било дека на улица „29 Ноември“ во Тетово бил нарушен јавниот ред и мир со пуштање гласна музика, од страна на 39-годишниот тетовец А.К. и уште две лица. Тројцата, во алкохолизирана состојба, одбивале да се легитимираат, а А.К. се однесувал агресивно кон полициските службеници, поради што бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово, истакна Јосифоски.

За приведените ќе следат соодветни поднесоци меѓу кои и пријава за непостапување според прописи за време на пандемија според членот 206 од кривичниот законик. ас/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Влада: Оддаваме почит на сите невини жртви од геноцидот во Сребреница 

Нормализиран сообраќајот за камиони кон „Блаце”, на „Табановце“ се чека околу 30 минути

Повторно одложено судското рочиште за случајот Веапоска на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето