Утрински Весник
Македонија

Облачно со дожд и ветер, температурата до 20 степени

Облачно со дожд и ветер, температурата до 20 степени

Скопје, 14 април 2020 (МИА) – Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, особено во попладневните и вечерните часови, кога на места ќе бидат пообилни.

Ќе дува засилен југозападен ветер, кој кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен и во текот на ноќта ќе услови врнежи од снег на планините и на некои повисоки места.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната од 14 до 20 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, кога ќе дува засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 17 степени. рп/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание