Утрински Весник
Македонија

Град Скопје: Не знаеме дали Трајановски ургирал до Нанчинг за заштитни маски, но ако е така ја поздравуваме неговата ангажираност

Град Скопје: Не знаеме дали Трајановски ургирал до Нанчинг за заштитни маски, но ако е така ја поздравуваме неговата ангажираност

Скопје, 11 април 2020

Градот Скопје официјално со допис се обрати до збратимениот град Нанчанг и до амбасадата на НР Кина во Република Северна Македонија за евентуална помош и донација на медицинска опрема од збратимениот град. За таа намена, Град Скопје имаше интензивна комуникација со градот Нанчанг и амбасадата на Република Северна Македонија во НР Кина, како и со кинеската амбасада во нашата држава.

Не знаеме дали господинот Коце Трајановски ургирал до збратимениот град Нанчинг во НР Кина за добивање на заштитни маски, но ако навистина е така, Град Скопје ја поздравува неговата ангажираност. Ова не е време за политика и фалење, туку е време за човечка помош во овие критични моменти.

Град Скопје во меѓувреме го организира и транспортот на донираната опрема, со цел истата што е можно побргу да стаса во нашиот град и биде од помош за надлежните градски и државни институции.

Уште еднаш во име на нашите граѓани, искажуваме голема благодарност кон збратимениот град Нанчанг и народот на НР Кина.

Град Скопје

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година