Утрински Весник
Економија

Сојузот на стопански комори е против зголемување на акциза на горивата во криза

Сојузот на стопански комори е против зголемување на акциза на горивата во криза
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 11 април 2020 (МИА) – Сојузот на стопански комори на Македонија  е против предлогот за зголемување на акцизата на горивата.

-Ова барање за зголемување кое до Владата го предложила Стопанската комора, ќе предизвика дополнително оптоварување на домаќинствата, земјоделците, ќе ги зголеми цените на транспортот, како и цената на голем број производи и услуги. Мерка која е во корист на две-три фирми, а на товар на претприемачите и граѓаните и тоа во време на криза, не е добредојдена. Овој чекор може да нанесе штета на малите и средни компании од сите сектори, а со тоа и на над 99 проценти од регистрираните субјекти во приватниот сектор и на граѓаните кои очекуваат мерки за помош, а не покачување на трошоците, соопшти денеска Сојузот на стопански комори.

Малите и средни претпријатија, укажуваат, се 99,8 проценти од сите регистрирани во земјата, од сите сектори, земјоделство, трговија, угостителство, услуги, ИКТ, мали индустриски капацитети без кои не само економијата, туку и целото општество нема да функционира и треба да им се помогне, а не да се смислуваат нови начини во кризава да им се зголемуваат трошоците..

Според ССК, излезот од кризата не лежи во зголемување на акцизите, а преку тоа и на цените заради полнење на буџетот, туку во обезбедување на институционална финансиска инјекција кон приватниот сектор и граѓаните. Со предложените мерки, со сегашната ситуација се најави дека во просек во државниот Буџет, по основ на акцизи и ДДВ од продажбата на нафтените деривати, на месечно ниво би се прибрале средства околу 4 милиони евра, односно близу 50 милиони евра на годишно ниво.лв/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

УЈП потсетува: Рок до 31 декември за извештаи за зелените пазари

Магистралните гасоводи за кои се вложени над 143 милиони евра се уште не се ставени во употреба

УЈП со повик до организаторите на зелени пазари до 31 декември да поднесат Извештај ПДД-И/ЗП