Утрински Весник
Македонија

По повикот од Кризниот штаб, жители на Кочани јавно кажуваат дека имаат Ковид-19

Ги злоупотребуваат ли државите итните мерки за Ковид-19 потиснувајќи ги човековите права?

Откако пред неколку дена лекарите од Кризниот штаб во Кочани – двајца специјалисти и тројца матични лекари, ги повикаа граѓаните да излезат и јавно да кажат дека се позитивни на корона вирусот, веќе имаше неколку случаи во кои заразени со вирусот јавно го обелоденија тоа.

„На седницата на Општинскиот кризен штаб што се одржа денеска, медицинските лица предложија лицата што се заразени, самите јавно да го соопштат тоа, за да знае секој што доаѓал во контакт со нив како да се однесува понатаму. Во тоа нема ништо срамно, напротив е многу солидарно“, гласи повикот што пред некој ден го упатија од Општина Кочани.

Не траеше долго и излегоа неколку кочанчани и семејства, кој јавно кажаа дека се позитивни или се во изолација. Користејќи ги социјалните мрежи, главно Фејсбук, граѓаните, иако сега во скромна бројка, напишаа дека се позитивни, дека се добри и ги повикаа луѓето кои биле во контакт со нив, да се пријават кај матичните лекари и ако треба и да се тестираат.

Еден помлад кочанчанец објави своја фотографија на која пишува „Јас сум позитивен на Ковид-19“.

Со повик до граѓаните излезе и Светлана Андова, вработена во Центарот за јавно здравје во Кочани, со цел да одговори на шпекулациите врзани за нејзиното семејство. Нејзиниот син е позитивен, по што се тестирале таа и нејзиниот сопруг. Во стасусот на Фејсбук, Андова објавува дека тестовите се негативни, но таа останува во изолација.

– Ви посакувам многу здравје на сите, останете дома и почитувајте ги препораките за заштита и се надевам што побрзо да помине ова зло и сите ќе се вратиме на секојдневните обврски – напиша Андова.

Од Општина Кочани велат дека биле пријатно изненадени од односот на граѓаните кон повикот на Кризниот штаб и се покажува дека граѓаните се совесни.

– На тој начин се избегна поголемо ширење на заразата, поради што сметавме дека е добро да излеземе со еден ваков повик – велат од Општина Кочани.

Во Кочани има 18 позитивни на Ковид 19 и еден смртен случај.

Инаку, пациентите имаат право на доверливост на личните и медицинските податоци, кои мора да се чуваат во тајност. Ова е законска одредба и затоа институциите не смеат да ги објават имињата на лицата коишто се заразени од КОВИД-19.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Ранѓеловиќ: На фронтот во Украина се борат и платеници од Колумбија

Мицкоски: Не сум импресиониран од ова раководство на СДСМ

Мицкоски не бил импресоиниран од новото раководство на СДСМ