Утрински Весник
Македонија

Побарани казни од по 2 000 евра за вкупно 19 прекршители на полицискиот час во Прилеп

Побарани казни од по 2 000 евра за вкупно 19 прекршители на полицискиот час во Прилеп

Прилеп, 9 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Прилеп до Основниот суд Прилеп поднесе предлози за издавање казни во висина од по 2 000 евра против вкупно 19 лица кои не го почитувале полицискиот час.

– Сите обвинети не ги почитувале прописите и одлуките на Владата со кои се определуваат мерки за спречување и сузбивање на заразната болест COVID-19, односно Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Тие за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот, стои во соопштението од ОЈО.

Надлежните јавни обвинители му предложиле на Судот на секој од обвинетите да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​

Сите се обвинети за кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено и казниво според член 206 став 1 од Кривичниот законик. аа/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Комшиите бодрат, нашиот премиер молчи: Олимпискиот срам на Мицкоски

(Видео) Акцијата за одземање марихуана утрово продолжи во Струмица

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат без возачка