Утрински Весник
Македонија

Гевгелиски пчелари донираа мед на општата болница

Гевгелиски пчелари донираа мед на општата болница

Гевгелија, 8 април 2020 (МИА) – Здружението на пчелари „Нектар“ од Гевгелија организираше хуманитарна акција за донирање мед, прополис и полен кој го подарија на здравствените работници од Општата болница во Гевгелија.

Донацијата од здружението „Нектар“ составено од пчелари од Гевгелија и Богданци, во болницата ја достави претседателот на здружението Игор Илков.

– Медот е скромен придонес на пчеларите од овој крај за зголемување на имунитетот на здравствените работници од Општата болница Гевгелија кои во овој момент се во првата борбена линија против корона вирусот, рече Илков.

Благодарност за донираниот мед, во името на здравствените работници, изрази директорот Митко Крџев кој истакна дека во оваа тешка ситуација сите здравствени работници даваат се од себе за побрзо надминување на пандемијата во нашиот град и земјата. им/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Средба на министерот Муцунски со специјалниот пратеник на МНР на Унгарија за Западен Балкан, амбасадорот Андраш Клеин

Тројца малолетници од Дебар украле автомобил од авто плац

Од први мај директно ќе се лета од Скопје за Тиват