Утрински Весник
Македонија

Дезинфекција и миење околу пазарот во Тафталиџе

Дезинфекција и миење околу пазарот во Тафталиџе

Скопје, 8 април 2020 (МИА) – Општина Карпош информира дека интензивно се мие и дезинфицира пред фреквентните места, маркети, аптеки, пазарче и банки. Активно работат четири цистерни, две на локалната самоуправа и две – донација од компаниите „Анизор“ и „Гранит“.

Вчера, како што соопшти Општина Карпош, се миеја површините околу пазарчето во Тафталиџе и пред влезовите на сите околни маркети на овој потег, но и во другите населби. Целта е да се дезинфицира просторот каде што е присутна поголема фреквенција од граѓаните.

Ги повикуваат сите граѓани да се придржуваат до препораките за заштита од коронавирус. Да го почитуваат полицискиот час и навремено и точно да се информираат за сите дополнителни мерки преку официјалните канали за комуникација на институциите. мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: По скратена постапка ДПМНЕ повторно брише кривична одговорност

МОН: Светскиот ден на науката за мир и развој – 10 Ноември го одбележуваме со нотиран прогрес во научно-истражувачката работа

ЛДП: 15.000 граѓани реагираа – Продолжуваме да се потпишуваме за да знаат дека нѐ има многу