Утрински Весник
Магазин

Водопадите на Нијагара целосно пусти

Човек скокнал во Водопадите на Нијагара и преживеал

Нијагара, 8 април 2020 (/) – Нијагарините водопади, една од најпознатите светски туристички дестинации, веќе неколку недели се без посетители поради мерките на канадската влада, воведени за спречување на ширењето на коронавирусот.

Местото во првиот пролетен месец го посетуваа околу милион туристи од целиот свет, а сега, за прв пат во долгата историја на туризмот ова место е подолго време без ниту еден посетител.

Вработените во бројни хотели, мотели, ресторани, барови, кои се во близина на водопадите целосно ги прекинаа нивните активности подолг период.

Сите овие лица, за времетраењето на нивниот работен ангажман, ќе можат да го искористат додатокот што канадската влада им го обезбеди на сите невработени лица, вклучително и студенти на возраст над 15 години, во висина од околу 2.000 американски долари месечно. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Денеска се празнува Свети Климент Охридски и Свети Пантелејмон

Јапонка уапсена поради откажување на повеќе од 2.000 нарачки од онлајн продавница за книги

Пронајдено дрво старо над 1000 години во Германија