Утрински Весник
Македонија

Екологисти реагираат дека несовесни ја преплавиле реката Вардар со пластични шишиња

Екологисти реагираат дека несовесни ја преплавиле реката Вардар со пластични шишиња

Неготино, 6 април 2020 (МИА) – Екологисти од неготинското здружение за заштита на природата „Ековита“ реагираат дека пластични шишиња ја преплавиле реката Вардар.

– Реката е надојдена поради обилните дождови и топењето на снегот од повисоките места. Овие фотографии направени близу Неготино јасно покажуваат дека на површина испливува нечија негрижа кон природата, нагласи претседателот на Здружението Сашко Тодоров.

Тој изрази надеж дека пандемијата и карантинот како превенција од коронавирус, барем малку ќе ги освестат луѓето дека треба да се обрне внимание на сопственото однесување. Прво заради себе, а потоа и за пошироката заедница. свд/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трендафилов: Владата и газдите си играат со животите на работниците

Во судството и 10.000 евра плата да им дадете, пак ќе крадат вели Туфегџиќ 

Трајановски: Нападите од Шилегов и Деспотовски се „стани ти да седнам јас“