Утрински Весник
Македонија

Во Кичево безбедносната состојба стабилна, се почитува полицискиот час

Во Кичево безбедносната состојба стабилна, се почитува полицискиот час

Кичево, 31 март 2020 (МИА) – Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид каде што спаѓа и Општина Кичево е стабилна.

– Изминатото деноноќие, во периодот од 7 часот вчера до 7 часот денеска, во Кичево се почитувала забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус Ковид-19, информира портпаролот Стефан Димоски.

Тој додава дека непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација. Извршени се вкупно 88 контроли на евидентираните лица со решение за изолација од кои во Кичево се пет лица.

Спроведени се 371 контроли врз лицата во самоизолација од кои 24 се од Кичево. Полициските службеници извршија 118 контроли на угостителски објекти. рз/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија