Утрински Весник
Македонија

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ го честита зачленувањето во НАТО

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ го честита зачленувањето во НАТО

Скопје, 30 март 2020
Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија на сите граѓани им го честита официјалното станување 30 земја членка на НАТО. Македонското знаме конечно се вее, додека моќно одекна нашата химна. Во овие денови во кои сите се грижиме за своето здравје, иако немаме можност да бидеме присутни на овој свечен чин, оваа добра вест која толку долго ја посакувавме е убав момент кој ја враќа надежта дека ни следуваат успеси. Се надеваме дека успешно ќе ја надминеме кризата со Ковид 19 и ќе се издигнеме одново.
Драго ни е што ние имаме силен личен влог и улога за осигурената стабилност, територијален интегритет и одржување на мирот во Република Северна Македонија, 30тата земја членка на НАТО.
Позитивната одлука за конечно отпочнување на пристапните преговори е уште една нова надеж, предизвик и цел. Веста дека ЕУ ќе ни помогне со скоро 70 милиони евра во борбата со короната е солидарност и единство. Тоа е нашата иднина и нашето место.
Независна пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: До четврток стабилно, суво и претежно сончево, од петок 29 Ноември, нов влажен бран во Македонија!

Почнува кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“