Утрински Весник
Македонија

Граѓаните со симптоми на коронавирус да не одат, туку  да се јават кај матичниот лекар

Граѓаните со симптоми на коронавирус да не одат, туку  да се јават кај матичниот лекар
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 30 март 2020 (МИА) – Владата на Фејсбук ги повика граѓаните доколку имаат симптоми типични за коронавирус, како температура, треска, кашлица, отежнато дишење, да се јават телефонски кај нивниот матичен лекар.

-Јавете се телефонски, не одете директно во посета. Матичните лекари преку епидемиолошка анкета ќе утврдат дали треба да се тестирате или не. Доколку треба, преку системот „Мој термин“ тие за вас ќе закажат точно време и место за тестирање, пишува во апелот на Владата.

Потсетува дека во функција се 14 центри за тестирање на територијата на целата земја за земање брисеви и тие се веќе објавени на сајтот на „Мој термин“.

-Со ова, практично, во функција ги ставаме сите, близу 1 200 матични лекари, кои ќе се вклучат во процесот на дијагноза, но и во водењето на пациентите, соопштува Владата. хс/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство

Магла на патните правци Дебар – Струга, Куманово – Крива Паланка и Велес – Катланово

СДСМ: ДПМНЕ пак дели тендери, фирмата на Нефи дел од колачот вреден 3 милиони евра