Утрински Весник
Македонија

Во хотелот „Монтенегро“ кај Велес во изолација 42 македонски граѓани кои се вратиле од Малта

Во хотелот „Монтенегро“ кај Велес во изолација 42 македонски граѓани кои се вратиле од Малта

Велес, 28 март 2020 (МИА) – Во хотелот „Монтенегро“ кај Велес од синоќа престојуваат во карантин 42 македонски државјани кои престојувале во Малта, а кои вчера попладнето беа вратени во земјава со авионски лет на Владата.

Нив во хотелот ги пречека медицинска екипа од велешката болница, составена од интернистот д-р Ристо Катранџиев и медицинскиот техничар Ангел Драскачев, како и директорот на болницата д-р Божидар Бојаџиев.

Тројца-четворица се од Велес, а другите од Скопје, Куманово, Штип, Делчево, Македонска Каменица, Прилеп и Битола информира за МИА, интернистот д-р Ристо Катранџиев, кој ги прегледа пристигнатите патници.

-Сите се прегледани, измерена им е температура, епидемиолошки се евидентирани и сместени изолирани еден од друг во засебни простории на хотелот, каде ќе престојуваат во наредните 14 дена на изолација,информира др Катранџиев.

За нив обезбедување вршат екипи на СВР Велес.

Како што информира за МИА, директор  на ЈЗУ Општа болница во Велес, Божидар Бојаџиев, попладнево во хотелот „Монтенегро“ кај Велес во карантин треда да бидат сместени уште петмина македонски државјани од кои, еден кој доаѓа преку преминот Табановце и уште четворица преку Деве Баир и тие ќе бидат сместени во карантин во овој хотел, откако претходно здравствено ќе ги прегледа екипа на ЈЗУ Општа болница од Велес предводена од д-р Катранџиев.ад/ир

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор