Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Новата забрана за движење во викенд е за поголема заштита, остануваат да важат и претходните

Спасовски: Новата забрана за движење во викенд е за поголема заштита, остануваат да важат и претходните

Скопје, 25 март 2020 (МИА) – За време на викенд (сабота и недела) за сите граѓани се забранува движењето од 16 часот до 5 часот наредниот ден. Одлуката ја донесе Владата, а на Фејсбук ја соопшти премиерот Оливер Спасовски.

-Владата денеска донесе одлука за дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викенд, со цел уште поголема заштита на населението од ширењето на коронавирисот,  објави Спасовски.

Во сила остануваат и сите други претходно донесени забрани.

Од 22 март е воведен полициски час кој трае од 21 до 5 наутро. Повозрасните од 67 години може да се движат надвор само од 5 до 11 часот, а на младите до 18 години им е дозволено од 12 до 21 часот. хс/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Беше среќна и насмеана“ – наставничката за последниот училишен ден на малата Катја

Основците по неколку часа на ден гледаат содржини на телефон, до осмо одделение речиси престануваат да читаат книги 

Билјана Ивановска и Миодраг Лабовиќ вечерва гости во „Ноќно студио“ на 4ТВ