Утрински Весник
Македонија

Филипче: Вакцинирањето на учениците може да се одложи за два до три месеци

Филипче: Вакцинирањето на учениците може да се одложи за два до три месеци

Скопје, 25 март 2020 (МИА) –  Новороденчињата и предшколските деца може да се вакцинираат во редовен термин, а за школските деца вакцината може да се одложи два до три месеца. Тоа е стручно мислење на Комитетот за имунизација, рече министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање на редовната прес-конференција во Владата.

Во однос на опасноста од ширење на вирусот при учество на верски собири, Филипче повтори дека забраната за масовни собири од Владата важи за сите.

-Има важечка забрана за какви било масовни собири од страна на Владата. Никој не би требало да повикува ова да се прекршува без оглед на тоа кој е организаторот, истакна Филипче.лв/скс/

 

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Драма во поликлиниката „Букурешт“: Доктор нападнат додека прегледувал пациентки, му скршиле вратен пршлен

Андоновски: Националниот дата центар ќе се гради до крајот на мандатот на Владата