Утрински Весник
Македонија

Филипче: По два циклуса на немање нови случаи ќе знаеме дека вирусот е целосно исчистен

Филипче: По два циклуса на немање нови случаи ќе знаеме дека вирусот е целосно исчистен

Скопје, 23 март 2020 (МИА) – По два циклуса на немање нови случаи ќе знаеме дека вирусот е целосно исчистен, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, изразувајќи уверување дека ситуацијата со коронавирусот во земјава ќе има позитивно сценарио.

Тој, одговарајќи на новинарско прашање за тоа до кога ќе трае настанатата состојба и дали може по вонредните мерки воведени во државата состојбата со корона вирусот да има позитивно сценарио, нагласи дека искрено верувува оти ќе има позитивно сценарио, посочувајќи дека ограничувањето на социјалните контакти е нешто што веруваат дека ќе го запре патот на ширење на вирусот.

– Мора граѓаните да ги почитуваат сите овие мерки. Механизмот е тој, да после два циклуса на инкубација, практично сметаме дека вирусот повеќе не е никаде околу нас. Значи, тие кои биле заболени целосно оздравеле после процесот на лекување, а го нема ниту, пак, на површините и тоа е таа логика зошто се препорачува социјална дистанца, зошто инсистираме на почитување на овие одлуки, да нема движење надвор и нормално заштита на ризичните категории, нагласи министерот.

Во однос на набавката на респираторни машини, рече дека постапката е прекината и дека ќе биде повторно започната. см/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по нашата консолидација

Директорот на затворот Шуто Оризари вели нема шанси Кешишев и Палчо да размениле писмо

Одбиени 10 амандмани на амадманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година