Утрински Весник
Македонија

„Интрига и љубов“ нова онлајн претстава на кумановскиот театар

„Интрига и љубов“ нова онлајн претстава на кумановскиот театар

 

Куманово, 23 март 2020 (МИА) – Кумановскиот театар продолжува со online репертоарот, од денеска гледачите можат да ја проследат претставата „Интрига и љубов“.

-Почитувана публико, благодарност за поддршката за нашиот online театар. Денес на нашиот online репертоар е претставата „Интрига и љубов“. Се надеваме дека ќе уживате. Претставата ќе биде на следниов линк: https://youtu.be/E3RkL-gLXMs, повикаа од кумановскиот театар.

Претставата е работена според текст на Фридрих Шилер, во режија на Љупчо Ѓоргиевски, а играат Јордан Витанов,.  Антонио Димитриевски, Кети Дончевска Илиќ, Горан Илиќ, Марко Трајковиќ, Александра Пешевска, Нина Максимова и Мирослав Петковиќ. Претставата премиерно беше прикажана во 2017-та година.

Се работи за сценски богата претстава во која е раскажана приказната за забранетата љубов на двајца млади, благородник и граѓанка, на кои им се вплеткуваат манипулатори од повисоките општествени слоеви преку различни интриги. Претходно кумановскиот театар ги прикачи детските претстави „Волшебникот од Оз“ и „Пинокио“, комедијата „Бегај, еве ја жена ти-Па не баш“ и „Ревизор“. ам/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание