Утрински Весник
Спорт

Ракитиќ призна дека никогаш не бил во сала толку често како за време на карантинот

Манчестер јунајтед почна преговори со Барселона за трансфер на Ракитиќ

Барселона, 23 март 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитич кажа како го поминува времето во карантин заради коронавирусот. Хрватот призна дека ужива да работи на справи.

– Имам среќа што имаме наша сала во домот поради сопругата која сака да тренира. Тоа ми дава мотивација. Најчесто тренирам ноќе и наутро. Не мислам дека некогаш сум бил во сала толку често како овој период, изјави Ракитиќ.

Тој ги оправдува преземенети мерки од надлежните.

-Мерки не беа изненадување. Кога отидовме во Неапол, разговаравме многу за тоа. Во Италија сите зборуваа за тоа. Нашиот лекар тогаш ни рече дека тоа ќе се случи и во Шпанија. Задолжителниот карантин е најдобрата опција за која можете да размислите. Не ми се допаѓа затоа што навистина сакам да шетам по улицата, но изолацијата е неопходна и важна, изјави Ракитиќ. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Австралија најуспешна нација во првиот ден на ЛОИ 2024

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз