Утрински Весник
Македонија

Влада: Прекинуваат сите дејствија за спроведување на изборите

Јавна расправа за иницијативата за промена на изборниот модел
Dik 300x250 mk

Скопје, 22 март 2020 (МИА) – Владата на Република Северна Македонија на синоќешната 25 седница донесе Уредба со законска сила за прекин на сите дејствија за спроведување на изборите и за сите прашања поврзани со изборниот процес, соопшти владината прес-служба.

Оваа одлука Владата ја донесе заради вонредната состојба прогласена за ефикасно спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19, и заради тоа што Собранието на Република Северна Македонија не се состанува за да ја поништи одлуката за распуштање.

Во такви услови, а заради неопходната потреба успешно да се спроведат мерките за справување со коронавирусот во земјата, Владата донесе Уредба за прекин на сите дејствија за спроведување на изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, кои се закажани за 12 април 2020 година.

Со оваа Уредба Владата ја задолжува Државната изборна комисија да ја обезбеди и чува постојната изборна документација до продолжување на спроведувањето на изборните дејствија и изборите, кои ќе продолжат откако ќе биде прогласен престанок на вонредната состојба.

Уредбата исто така, определува задолжување за Државната изборна комисија во рок од еден ден од денот на престанок на вонредната состојба да објави на својата веб страница ревидиран роковник за продолжување на изборните дејствија, се наведува во соопштението од владината прес-служба.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДИК одзела осум акредитации на домашни набљудувачи

Излезеноста до 15 часот е 27,19%

ЗНМ: Новинарите нема да замолчат пред насилниците: јавноста има право да знае!